кој (зам.) - избега (гл.)

И тоа токму по патот по кој избега гроздот, додаде тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Краварката ѝ рекла дека познавала еден Полјак кој избегал од германската војска за да ѝ се причипчи на една Србинка-вдовица; дека таму, кај нив, при крајот на војната се нашле секакви, не само Полјаци, ѝ објаснила краварката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден особено трогателен миг на драмата, напатениот Прајор Валтер, здробен од сида и омалодушен поради тоа што љубовникот го напуштил среде бедата на неговата болест, ја запознава безвкусната мајка мормонка на отмениот маж со четвртеста вилица со кој избегал неговиот поранешен дечко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)