кој (зам.) - иде (гл.)

Инаку во четврток кој иде на пазар?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, ете ја,стои - карпа пред јароста бурна; нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои идат од душата тмурна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина четници и осум товари џебане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сега ќе разбериме ќе има ли некоја помош од Бугарија или ќе се прибираме сите внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не минаа ниту неколку мига откако сум заспал, ме разбуди силен топот најверојатно од војнички цокули кој идеше од собата над мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само во петоците не доаѓаше, кога авлиите се полнеа со чези од турски гости од градот, кои идеа на чист воздух и на поседок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АРСО, ТЕОДОС, ПОЦКО, АМПО И ЦОНКА ТЕОДОС: (Доаѓа прв просто бегајќи пред Циганите кои идат по него.) Јас да бидам цигански кум, тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Касмет? — Кијамет! Нејќам! Не кабулам! Арсене! Арсене! Каде си, Арсене!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Сврти се, вели, да видиш кој иде по нас. — Мофашите3, или Германците?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чекорев во патеките на големиот Луксембуршки парк, близу сенатот на Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде посилно од секаде замираше жолтото есенско лисје, паѓаше врз рамената на белите статуи, кои идеа од различни епохи на француската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Кој иде? Евто одговори: - Селани од Мацково! Одиме кај командантот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Да беше умешен и да знаеше да управува со своите слабости, веројатно ќе можеше да им се наложува на сите оние кои идеа кај него само со една единствена цел, да го искористат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во семејството бевме навикнати на повремените потреси кои идеа од татковата библиотека, особено пред преселби.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Чув дека идат, вели Мисајле Ковачот, збивајќи сега понаретко. - Што чу, Мисајле, кој иде, Мисајле, гракнуваме сите одеднаш. 199
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- По Вирово сме ние. - По Вирово иди Мренога. - По Вирово којзнае кој иде, вели Лазор Ночески, оти војната е облак, порој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)