кој (зам.) - заснове (гл.)

Новина е и разграничувањето на ви- довите работни дозволи (чл. 8-14), потоа регулирањето на работата на странци кои се преместени во РМ, а кои засноваат работен однос или даваат услуги (чл. 4), вклучувањето и регулирањето на материја поврзана со назначување на работници од странски компании во РМ (чл. 19), потоа можноста за обука и напредната обука на странци во РМ (чл. 21), материјата која се однесува на сезонската работа на странци (чл. 22, 23 и 24) и регулирањето на работата која се извршува од страна на странски претставници на компании (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот за исплата на платите и пензиите во Република Маке- донија, донесен во декември 1993 година, предвиде нови начини за пресметка и исплата на максимално дозволената нето плата која им се исплаќа на работниците кои засноваат работен однос кај правните лица кои се опфатени со овој закон (чл. 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)