кој (зам.) - започнува (гл.)

Во центарот, по угорницата која започнува каде што завршува чаршијата. Зборно место кај „Чинарот“.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Немаше време дури да се помисли за враќање за да се одбегне драмата која започнуваше да се одигрува при минувањето на границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не сакаше сам, без сведок да се пушти во разговор со „емигрантот”, кој започнува да си го покажува вистинското лице.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На пример, рускиот поет Мајаковски тврдеше дека „религијата се трансформира во револуција која започнува со негација на Бога”, но за поетот таа останува возвишена љубов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во принцип, страните можат да го откажат договорот со отказен рок, кој започнува да тече наредниот ден од денот по врачувањето на одлуката за отказ и за кое време работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во текот на работната недела – заради барање на ново вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, секоја од договорните страни може да го откаже договорот за вработување само во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Двата записа се разликуваа само во дребулии: уводните стихови во двата записа имаа различно „јас“; во едниот случај тоа беше царот Соломон, а во другиот – царот Дариј; во нашиот препис го немаше зборот „жена“, со кој започнуваше пак текстот кај Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Притоа, најмонструозна работа се токму тие формулари кои започнуваат со „јас“ а кои ги викаме пристапници.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вандализмот насочен против уметноста може да има енигматски или често бизарен мотив, но главниот аргумент на Гамбони е дека мотивот сепак не е безначаен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СМРТТА НА ЕРУСАЛИМ
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
15 Erusin – еврејска веридба  16 Ketubah – Брачен договор со кој започнува секоја еврејска свадба  17 Песна над песните 1:1 18 Mazal tov! – Среќно!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Да, сето тоа го прави Станар „прв Хичкоковски филм”, кој започнува со тема која ќе стане и тема на скоро сите ваши филмови: човек обвинет за злосторство кое не го направил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Излегуваат поздравени од воодушевените извици на насобраната толпа, излегуваат со своите чудни погледи, со своите неразбирливи мрморења, во распарталени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја очекуваат големата свеченост, која започнува со отворањето на кафезите, од кои излегуваат заробените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)