кој (зам.) - дува (гл.)

Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Како дар на времето, да се паметува, тие, војските, и горе над шумата и долу во ливадите, оставија мноштво окопи кои и ден-денеска полека се затрупуваат од ветриштата кои дуваат од север и од северозапад, од кај Прилеп и од кај Крушово, направо низ влезот на Потковицата, и од наносите на пороите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа нивна цврста прегратка им даваше дополнителна духовна сила со која на болестите гледаа како на ветровен кијамет, кој дува и поминува. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)