кој (зам.) - донесе (гл.)

— Арно, арно, Петре... Ами вино кој донесе? Или од некого ти зе?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за работа — кој донесе еднаш не се поврати вторпат, бидејќи Толевиот занает беше сосема друг, та сето тоа што го мајстореше не чинеше за ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А под „патот Јура-Париз” не се подразбираат два града во Франција; туку се мисли на јуре, или поротник (т.е оној кој донесува пресуда), и Парис, грчки антички јунак, како и јунак од една поема од Жариевата новела: Личен Парис, уништувач на мирот, Судија на Божиците, а пак љубовник на жени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Околу него се стегаше обрач на прашања без ред: кој се бореше во војната со митралез, кој ги сочува шумите, кој донесе трактор во задругата ( сега нема трага ни од тракторот ни од задругата), кој држеше предпразнични говори и кого го слушаа луѓето?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама, ако го праша пријателот „зошто“, што ќе му одговори?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си призна дека многу сака да ѝ се допадне, па размислуваше како да го поправи првиот впечаток и на крајот приготви план кој донесе големи промени во неговиот секојдневен живот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А лебот? Лебот мумурузник! Од мувлосано брашно!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едни грав, други леќа, а имаше и такви кои донесоа ориз со праз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)