кој (зам.) - влијае (гл.)

Се работи за еден интерактивен процес, кој влијае врз колективната и индивидуалната свест на луѓето кои, иако не се во состојба сами да создаваат културни институции, учествуваат во нив испраќајќи пораки и симболи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тогаш актуалното минало во процес на актуализирање кој влијае како на сликата така и на објектот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа влијае на содржината и на карактерот на уметноста барем во онаа мера во која влијае и родот (genger), дури или можеби посебно тогаш кога уметникот се обидува намерно да ја трансцендира.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имено, тој е кибер- гуру, еден сциентифички подземен идеолог кој влијае врз најезотеричните слоеви на андерграунд толпата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Одговорноста за обесштетување на работодавачот се однесува, исто така, и на штетата која работодавачот ја предизвикал со кршењето на правата на работникот од работниот однос (чл. 159, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Втората приказна е за тоа кога станував свесен дека треба да го одржам овој говор, ја консултирав “Книгата на промени” и со фрлање на паричка добив Хексаграм кој влијае, стимулира.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од друга страна, Хабермас јавната сфера не ја гледа агонистички како простор за конкуренција/натпревар меѓу политичката елита; Хабермас има подемократско гледање на јавноста како сфера каде што оние врз кои влијае државната политика може да придонесат за нејзино формулирање, преку „слободен и неограничен дијалог меѓу разумни поединци“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во Арентовиот „агонистички“ модел на јавниот простор, фокусот е ставен врз моралните и политичките елити кои ја покажуваат својата големина во рамките на еден исклучително конкурентен простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)