кој (зам.) - вика (гл.)

Кога викна, кучката се загна, но замолкна, бидејќи ја познаваше, а од под тремот се одзва Неда: — Ела, ела, кој вика? — се слушна ѕвовливиот глас на Неда. Тода ја викна до калето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој вика? - Тетко, јас сум Петко! Отвори! - рече гласот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Човечката сенка како дух се провлече низ вратата, влезе во дворот, се искачи по скалите и влезе во дворот, се искачи по скалите и влезе во куќата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Цел синџир убијци кои викаат од близу, а најмногу од далеку: - Слобода!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ДЕПА: У, зулум голем, кој викал на маче коте?!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе се свртам да видам кој вика и тогаш ќе се фатам дека јас сум викала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АНТИЦА: (отвора прозорец). Кој вика?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не се знаеше кој кого удира, кој вика, кој писка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, да, така е во Париз, а кај нас – на убавиот син Дунав,” и одново со устата отсвирка неколку тактови од валцерот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)