кое (зам.) - ми (зам.)

Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Како тоа?! - се изненади таа. - Па едноставно. Едната ми пиша писменце во кое ми соопшти дека ме сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еве, и суетата спласна, па стојам пред тебе и гол сум регрут додека чекам - дали е слободно уште она место на градилиштето за кое ми говореше?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тргнавме со нивниот автомобил, претпоставувам беше на момчето кое ми изгледаше статусен и тука ја наоѓав причината за нивната дружба.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)