кое (зам.) - им (зам.)

Во другите рани филмови, протагонистите не се претставуваат толку себеси колку што се израз на некое едноставно дејство кое им е наменето (Kiss, Sleep, Eat) или на задоволството коешто е предизвикано со дејствието врз нив (Haircut, Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со втората, пак, измена, од декември 1993 година, дојде до првото од низата намалувања на времето за кое им се исплатува паричен надоместок на лицата со одреден стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од кожарско-ќурчиската чаршија, од Капан-ан до Туз пазар, туфекчиската чаршија од Мустафа-пашината џамија, дуќаните и работилниците со ножови, сабји и друго оружје, до платнарите, абаџиите, бојаџиите, казанџиите, сарачите, јорганџиите, калајџиите, терзиите и кафтанџиите, сѐ беше на нога и траскаше, чукаше, коваше, тропаше, викаше, довикуваше, и повикуваше, а дуќанџиите шеткаа пред своите мали царства, не сакајќи да мислат на големото што ги беше поклопило и кое им ја пиеше и потта, и душата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен несаканите движења на протагонистите (на пр. трепкањето) и пречките (оштетување и осветлување на делови од филмот, нечистотии на камерата итн) сè е потполно статично, Ворхоловиот екстремен минимализам се манифестира не само кога е во прашање неанималниот субјект (Empire) или прота­го­нистот несвесен за себе (Sleep), туку и во филмовите со живи луѓе кинестезијата е сведена на минимум.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)