кого (зам.) - е (гл.)

Шо велаат: еден правил — друг ќе носи, не за кого е речено, ами за кого е печено!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Несвесно Соколе се побара по џебовите за очилата, да види подобро, но веднаш се сети со кого е и тргна напред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се запрев, погледнав за кого е.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се завртува остро и Данче, која иако се преправа дека не ја интересира за кого е порачката, напнато сѐ слуша, и протестира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Една даска на две столици и ете клупа за гостите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги носеа даските и поштарката Лида, која трчаше меѓу куќите како чамец, праша: - Кај кого е ова? - Кај нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Па така, ако договор за вработување склучуваат деловните лица [менаџери], во договорот страните можат поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено за: 1) условите и ограничувањата на работниот однос на определено време; 2) работното време; 3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор; 4) плаќањето на работата и 5) престанувањето на важноста 95 на договорот за вработување (чл. 54, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Ама јас на господ се клањам. Џамијата за кого е? Не сум јас вејкрпа, бегу.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Со кого е? — Не е сам. — Со жена е? — Сама ќе видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Како знаете која коска од кого е?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Види некое покревко, на наши години, како за помлади кадри. Добро му кажав, а? Од кого е, многу е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Денеска поголемите деца од зградата на Зоки Поки се фалат кој од кого е похрабар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А за кого е оној мармалад, види, пет месеци стои во креденецот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија беше сосем неподготвен, недотеран, како за несреќа не слушаше француска музика, а цела дневна беше распослана со книги, тестови и домашни од неговите ученици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко, задлабочен во слушањето, во еден миг, тивко прокоментира: – Готово е со нас! – Со кого е готово?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)