каков (зам.) - чуден (прид.)

И пак трчаа, а од грлата им гргореше непресушна смеа. Каква чудна августовска вечер!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Господе, каква чудна зима, велеа луѓето - слепа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)