каков (зам.) - надеж (имн.)

Но Онисифор Проказник подоцна се сетил со каква надеж во премрзнатите прсти старчето му ја стискало раката во исчекување дека набожен и благословен од мајката Минадора ќе го спаси, ќе му помогне да стане и да зачекори по линијата на својот продолжен живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И воопшто не мислиш каква радост и направив на кутрата женичка, каква надеж и оставив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како успокојува таа младост непрестајно раѓана и каква надеж обогатува!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со второто име сум станал ова што сум - и Дмитар и Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)