каков (зам.) - борба (имн.)

Боже, каква борба, какво измачување морам да поднесам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нему на крај ум не му паѓаше какви мисли го мачеа и каква борба се водеше сега во душата на стариот мајстор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Каква борба, каков јунак!...“ ми вели тој човекот наш што им беше курир на партизаните, тој козарот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Селаните, гледајќи ја сликата, велеа: ”И луѓето се како нив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Инаку: зошто едните се плодни, а другите не раѓаат, зошто едните слабеат, а другите се дебелат, зошто едните се извишуваат, а другите остануваат куси - тоа тешко може човек да го знае; тешко - зошто не знае каква борба се води меѓу нив, меѓу нивните корења - долу под земјата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)