каков (зам.) - ѝ (зам.)

Бонети започна на брзина да ѝ ласка како е убава, како е градена, какви ѝ се облините, лицето, бојата на косата, сјајот на очите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сиротата таа кој знае, пак, нејзе каква ѝ беше намерата, мислам дека ќе се срушеше кога нè виде како седиме еден до друг и смирено разговараме, држејќи се за рака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Единствената работа што го интересираше Сујак, беа кожите: кон секоја се однесуваше како кон живо нешто, како секоја да ја има внатре душата од животното: кога ќе му ја донесеа кожата луѓето, ја пофаќаше полека, ја вртеше, ја мазнеше со раката по влакното, по крзното, проверувајќи какво ѝ е и дали е некаде дупната кожата при дерењето, дали е веднаш донесена по колењето или е држана неколку дена, та започнала да се смрдува и црвосува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во оваа чаршија цел ден врие, сè е во движење, никому ништо не му пречи кога е на нејзините покриени улички, зашто тие се ослободени речиси од каков ѝ да е сообраќај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега јас ги гледав усните на устите на наредените жени во фискултурната сала и ги гледав, во исто време, усните на дундите нивни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А одамна ми велеа: види ѝ ги усните на устата на жената за да знаеш какви ѝ се усните на дундата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)