каков (зам.) - ти (зам.)

Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Притоа веројатно само стравувал од она од кое и јас се плашев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И зошто токму по тој пат тргна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби не те разбираше бидејќи не беше сигурен што сакаш, каква ти е намерата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледај го каков ти е, погледни го само.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Константине ...“ „лазам на коленици и доаѓам, брате ... подај ми ја раката ... ама каков ти е тој глас со кој ме пречекуваш, што ти е?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сеќаваш какво ти беше коленото?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)