каков (зам.) - таков (зам.)

Тој ги прибра децата со неа, направија каква таква куќарка...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа се навикнав да се приземјувам и да си го голтам она што животот ќе ми го даде какво такво, за истото да сум му благодарна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Момчиња! — (макар да имаше и старци од шеесет години). Часот на слободата тропна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но какви такви, Толе поткрена неколку стотини души од своите села, a со оние што ги доведоа Андон, Петко, Стојо и дедот Коле се собраа над илјада и се ставија на расположение на војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас, право да ти кажа, сакам да се прежена. Каква таква, нека крши глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие што најдоа каква таква работа можеа да сметат дека ќе обезбедат и дрва, ама повеќето стигнаа само до канцелариите на Трудот за да ги предадат своите работни картони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Криви прави, какви такви, елем, улици се.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)