им (зам.) - и (сврз.)

За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко, со своето семејство, во куќата крај Езерото, а помладиот брат, сѐ уште неженет, остана да живее со мајка им и со сестрите во другата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)