им (зам.) - сет (зам.)

Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Затоа им се враќаше со мислите на сите тие блиски луѓе, полн со некоја топла добрина кон секого од нив, сонувајќи сега наеднаш дури и за она старче со кривото рамо, и за тој бригадир Језекил...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)