им (зам.) - шушка (гл.)

Ќе закопаш еден - двајца паднале поцрнети, ќе им ископаш гроб на тројца - десетина се ничкосале мртви, в месо им шушкаат црви, тие црви се живот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секоја расправа за сопствената тајна на печењето на лебот со паричка која, се разбира, треба да му се падне на најмалото дете или внуче. (и покрај сите верувања, постарите одамна не се залажуваат со метални парички, повеќе љубат нешто книжно да им шушка в раце).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Имало години, старите тоа го слушале од татковците, кога по македонскава земјичка чумата собирала цели села и градови, во нив ни дете ни коте не останувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)