им (зам.) - чита (гл.)

Мојата „прозна тајна“ ја знаеја само најблиските пријатели, на кои, првин со страв, потоа со задоволство им читав по некој од расказите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ако ја споменуваш покојницата, со која во свое време те венча Одборот не им чита на мртвите брошури.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тодора донесе икончиња во куќата на Петрета и ги изнареди околу постелите на децата, ги учеше на молитви малечките и пред заспивање им читаше од Светото писмо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сѐ такви некои писма им читал од своите книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие многу сакаа, кога ќе дојде мајка им од работа, да им чита песнички за полиња, ливади, цвеќиња и разни животинки, а најмногу сакаа цветчиња и пеперуги.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Му се закануваа и на Чанга кој, според нив, им чита на козарите забранета контрареволуционерна западна буржоаска литература.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веста дека Чанга, кога ги пасе козите, им чита на козарите, брзо се рашири низ градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои од нив ќе заскитаа, па други козари ќе му ги донесеа, а Чанга, во знак на благодарност, им читаше нови работи за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаа уфрлено и свои доушници на власта, божем козари меѓу вистински козарите на кои им читаше и коментираше слободоумниот и храбар Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)