им (зам.) - успее (гл.)

Порцеланот на голема врата влегува во Европа во мода во времето на барокот и рококото, а со појавата на чајот, кафето и чоколадото се создаваат и голем број облици на садови, се појавува поимот за сервис како целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури во почетокот на XVIII век ќе им успее на германскиот аптекар и алхемичар Ј.Ф. Бетгер и физичарот, минералог и математичар Чирнхаусен да ја откријат тајната на производството на порцеланот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вклучувањето на членови од околината, на индивидуи кои историски учествувале во формирањето и во дистрибуцијата на доминантната нарација од животот на индивидуата може да биде од голема помош.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На пример, останатите членови од семејството можат значително и автентично да учествуваат во овие алтернативни нивоа на акција: • Што мислите, како им успеа на вашите родители да делуваат заедно соочувајќи се со оваа криза? • Можете ли да посведочите за нешто што Хари неодамна го правел, а што може да објасни како му успеа да го преземе овој чекор? • Што направи Сара за да го постигне овој успех?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ниеднаш не им успеа, иако постојано се обидуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој долго веруваше дека нивните напори да направат од него свој вистински потомок, своја копија, не им успеа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, дури и по Стоунвол (или особено по него), предосудената тактика да се смажестиш и збучиш за да бидеш пожелен баш и не изумрела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319 Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го потхрануваат злото, преидзвикуваат немили сцени за да го придобијат вниманието. – зборуваше старецот. –Доколку и тоа не им успее, се жалат пред другите, упорни во своето настојување да бидат сожалени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сигурно им успеало да грабнат некоја златна тула од онаа петокатница или да соберат некој златен лист од липите што Малчо ги озлати.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)