им (зам.) - трепнува (гл.)

Една ноќ на Мостот на воздишките во Венеција многу мирисаше на бонбони бадемлии, на повеќето минувачи очите им беа замаглени од тага – кој ѓавол ги терал нивните далечни претци да ги измислуваат парите, та сега секоја ноќ да им е ноќ на смрзнатите графикони, банкарите предвреме да оштрбуваат ама око да не им трепнува отшто здивот им е расипан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ИМА СЕКАКВИ ЛУЃЕ: некои не умеат и не се ни обидуваат да лажат, други лажат но неудобно се чувствуваат па црвенеат, а трети лажат и, како што вели народот, „ич око не им трепнува“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со песна не кажуваат ни сакање ни несакање.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)