им (зам.) - трепне (гл.)

Полицајците нѐ гледаат, а ни око да им трепне, ни веѓа да им се крене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, нормално, све враќаат без око да им трепне.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хм, си велам, Достоевски е Достоевски иако една група мажи и жени, едни никакви луѓе, со даириња, со тапани, со бовчи, парталави, грди, кои очигледно лажат, крадат и убиваат без око да им трепне, јурат низ неговата куќа и ограбуваат сѐ што ќе стасаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)