им (зам.) - служи (гл.)

Судот е должен во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поканата за подготвителното рочиште на странките ќе им се наложи на рочиштето да ги донесат сите исправи што им служат како доказ, како и сите предмети што треба да се разгледаат во судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По нејзино барање судот е должен, во судот, да и врачи покана за денот и часот за одржување на рочиштето, како и примерок од записникот во писмена или електронска форма, односно во форма на тонски запис од претходно одржаното рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поканата за подготвителното рочиште на странките ќе им се наложи на рочиштето да ги донесат сите исправи што им служат како доказ, како и сите предмети што треба да се разгледаат во судот (чл. 272, ст.1-3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, Лука Карер во тешки времиња на окупацијата се обидуваше да им служи на тие вредности на заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, владиката духовно ја поттикнуваше, а Карер ја одржуваше организацијата на закинтската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таквите деца уште за долго време, па и кога ќе се облечат сосем во градско, не можат да се ослободат од некаква селанска тронтавост, неизвештеност, и им служат за шега на граѓанчињата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Резултатите беа неприлагодени кон нивните акоможамдагинаречам стандарди, иако ја респектираа вештината па повремено им служев и ко атракција.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Според Литре, јаничарот е нечиј сателит кој им служи на туѓи интереси.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби некој подрзок наскоро ќе рече дека најдобрите уметнички дела кон крајот на дваесетиов век се производи каде што е видлив спојот меѓу убавината, имагинацијата и врвната технологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модерната поп митологија ионака не се плаши од техно-демоните, бидејќи - што им фали на демоните доколку им служат на Убавината, Добрината и Вистинитоста?! 110 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лепезите од време на време им се придвижуваат од невидливите струења, а тие исто така им служат како еден вид договарање познат само на рептилите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работата се одвива во четири секции: програма, продажба (маркетинг), техника и менаџмент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Напати тие се и деца кои се поигруваат со пакоста, па сакаат да ја потчинат за да им служи а притоа знаат дека јамката на зборот подобро од секоја вистинска јамка задушува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Всушност, тие се оние истите спили што во 1901-та, кога војуваа со штрковите, на орлите им служеа за прездив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Луѓето сакаат да остават на овој убав свет нешто што ќе трае повеќе од нив, нешто што ќе им служи на другите луѓе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кој знае кога, некој си добар човек, Мирчо од селото Брегово, ја направил оваа чешма за да им служи на жедните.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Имаше прекрасна и широка душа, живееше за другите, а ги потиснуваше своите лични потреби за да може да им служи на другите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Според оваа перспектива, животите на луѓето се обликувани од значењето кое тие му го припишуваат на сопственото искуство, од нивната позиција во социјалната структура, од јазичните и културните практики на индивидуата и на нејзините релации со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа конституционалистичка перспектива се разликува од доминантните структуралистички (однесувањето ја одразува структурата на умот) и од функционалистичките (однесувањето им служи на целите на системот) перспективи во светот на психотерапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не може ни несвенливата геј-склоност кон кампски препрочитувања на хетеросексуалната култура да биде само одраз на некакво неостварување геј-гордост и на неизлечливите ефекти на општествената доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, треба да се каже повеќе пред да можеме сосема да разбереме од каде тоа Џоан Крафорд почнала да им служи на некои геј-мажи како заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Современото геј-отфрлање на современата геј-култура и сегашната популарност на згодно настранетите нешта што се присвојуваат од главнотековната, хетеросексуална култура, не можат да се сведат на прост симптом на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, многу машко геј-искуство е кодирано во таа сцена: сигурно, некои геј-мажи се ложат на овој кинематографски момент затоа што во него гледаат претстава на емоции што им се познати од сопствениот живот, ситуации што и самите веќе изобилно ги искусиле и од значително непосредно искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А со тоа може да се објасни зошто машката геј-култура се закачила за сцената и за целиот филм.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како добар марксист, Иглтон морал да ја шири стан­дардната десничарска критика кон Дерида велејќи дека „тезата дека објектите се целосно внатрешни во однос на дискурсите кои што ги конституираат го покренува трнливиот проблем за тоа како можеме дури и да судиме дека некој дискурс го конструирал својот објект валидно“ продолжувајќи да прашува „ако она што ги валидизира моите социјални интерпретации се политичките цели на кои што им служат, како јас да ги оправдам овие цели?“ (Eagleton 1991,205).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа би требало да се стори за да им служи за пример на другите, но и за да се спречат новите опасности што виселе над градот, бидејќи, според некои кажувања, атентаторите, од разни причини, побрзале и не можеле наполно да го исполнат својот “сатански“ план173.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што се однесува до мене, јас не верувам дека таквиот став ќе им служи на интересите на елинизмот...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Напротив, сметајќи дека дошло време да се сотре сè што било револуционерно и словенско и што не им служи на великогрчките амбиции за голема Елада, компетентните политички фактори во Грција решиле да застанат наполно на страната на султанот и да му понудат помош против “заедничкиот непријател“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, за Орце, Кирков, Мечето ... тоа би било еднакво не на смрт (смртта, како што видовме, било најлесното што тие му го заветиле на делото на ослободувањето на Македонија) - туку на предавство на идеалите на кои се заколнале дека ќе им служат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Србите сакаа да ги направат Македонците да им служат на српските интереси, т.е. самите да се мислат и на своите сонародници да им велат дека се Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонскиот народ не толку има нужда, барем сега-засега, за официјален јазик на мнозинството, за генерал-губернатор од народноста со мнозинство и за слободен печат, колку: за отстранување или парализирање на дејноста на националните и религиозните пропаганди; за отстранувањето на непријателството меѓу приврзаниците на разните национални и религиозни пропаганди; за отстранување на таа недоверба и обособеност што е сега меѓу македонската интелигенција воспитана во разни балкански државици и им служи на религиозно-националните пропаганди во Македонија; за официјално признавање на македонската народност и за внесување на името “Македонец” во нуфузите и во другите официјални документи на лицата од словенско потекло во Македонија; има нужда за земјиштен дел, како што на селаните им беше доделена земја при укинувањето на крепосништвото во Русија, Галиција и во др. земји.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во некои од нив, вели: „Секој јазик со кој слободно можеме да се користиме им служи на сите човекови потреби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Им служи подеднакво и на разумот и на чувствата, то ест претставува и соопштување и дијалог, разговор со самиот со себе, молитва, наредба и заклетва“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Робовските заедници можат да им служат, а им служат и тоа доста често, и на останатите што не ги дефинираме како робовски. Оросписките си служат самите на себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како “oneste signore” тие владееле со општеството, а на уметниците им служеле како модели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Проститутките користеле грчки имиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се смилостивил калуѓерот и го качил пет-пари-човечето на својата магарица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Климент Камилски, понесен од текот на својата мисла, чувствувајќи се задолжен за европската јаничарија, продолжи: Пет години подоцна, откако Махмут II го потпиша ферманот за крајот на јаничарите, францускиот крал Луј Филип на 10 март 1831 година ја основа Француската легија на странците со цел да им служи на француските колонијалистички освојувања и борби во Италија, Мексико, за време Првата и Втората светска војна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиите заминаа, муфте системот си остана на Балканот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако пак слушнам дека пак се зема муфте, жими душите на моите предци, ќе бидете жигосани за да им служите за пример на другите! !
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чинеше дека оваа обична игра со карти, но со многу приврзаници во светот, како да им служеше да си проверат нешто длабоко и значајно во нивните сложени, страдалнички, но достоинствени личности, небаре се во потрага по сјајот на истечените времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дрвото им служи на луѓето да се засолнат под него од жега, од дожд, од снег: да раздаваат задушница, а во неговото шупликаво стебло да им палат свеќи на умрените и да поттуриваат вино и масло на празници за нивните души.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А често како патоказ им служеа коските од изумрените камили.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така, и едните, и другите се гордееја со своето „чисто" „грчко" или „б'лгарско" потекло и несвесно им служеа и на едните и на другите одродувачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште доби и еден суфикс „иќ" и се стори од Антонов на Антоновиќ, бидејќи Грците летото го напуштаја не само Витолишча ами цело Мариово И сега Србите ќе му плаќаат, ним ќе им служи и за нив ќе умре иако триесет години му плаќаше бугарскиот владика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува: – Таков ви бил касметот; браќа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На граѓаните им беа потребни нови зборови и некои општи доживувања: бидејќи се тврдеше дека сѐ е заедничко; многумина дури и веруваа дека тоа е вистина; а беше вистински и фактот дека тој успешно им служи на ваквите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б: Па, тој вели дека ја сака онаа музика која им служи на луѓето, т.е. на работните луѓе. К: Но, како тоа им служи? Дури и Мао Це Тунг ...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Крал! Кој светот ќе го движи, а на боговите ќе им служи за освојување на истиот... та преку него ќе ги допрат плимите на далечните мориња!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Луѓето сакаат да остават на овој убав свет нешто што ќе трае повеќе од нив, нешто што ќе им служи на другите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кој знае кога, некој си добар човек, Мирчо од селото Брегово, ја направил оваа чешма за да им служи на жедните.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)