им (зам.) - расправа (гл.)

На сиот глас на одморите им расправаат на децата како јас на Бала, ќерка му на соседот Лешо, сум ѝ купил некни на панаѓурот огледалце.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ми дотежнало да лежам па излегов малце да им расправам на децава за чудесијата на поп-Пауна, бог да го прости.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)