им (зам.) - противречи (гл.)

Значи, лудоста, некоја одредена „лудост“, мора да демне на секој чекор, всушност да бдее над мислата, како што тоа го прави разумот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие првенства во секој момент можат, а тоа е секојдневно искуство, да им противречат или да ги загрозат императивите на оп­што­то почитување на другиот, но нивното ублажување или негирање исто така би ѝ противречело на секоја етичко-политичка побуда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Борбата со трите балкански држави не им противречи на нашите интереси, кои се достигаат и со револуција и со еволуција2, или постепено развивање на нашиот народ во морално-религиозен правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но требаше да има цел ред докажувачки оти работата на комитетот не е врзана со интересите на соседните држави и народности, а им противречи и е во полза не само на господствувачките, но и на сите други националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку и да се покажува тоа недобро и опасно за Србија, сепак тоа не им противречи на српските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Геј-мажите не треба да клонат од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за квир-студиите е да ги објасни преку општествена анализа, наместо да му ги припишува на природниот поредок на нештата. ‌Зашто не е баш веројатно дека културните практики имаат корен во природата, па секој обид потеклото да им се смести во природите на геј-мажите само ќе ги направи недостапни за натамошно критичко испитување, бидејќи ќе имплицира дека нема што да се објаснува освен природните факти на работава, ќе нема што да се оди подалеку од тоа како природно си стојат работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам. ‌За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поконтроверзно и позанимливо, Фелоус им противречи на тие тврдења тврдејќи дека тоа што само не изгледа женствено не го поткрепува таквото одбранбено тврдење од страна на некој геј-маж, бидејќи родовата отклонетост „може да се пројави повнатре во неговите интереси, способности, вредности, во емоционалната градба и во комуникацискиот стил“.81
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)