им (зам.) - признае (гл.)

Единствена грижа му стана како да открие што е тоа што тие сакаат да им признае и потоа да го признае брзо, пред мачењето одново да почне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа им призна дека секогаш ја сакала само првата жртва, сите други биле само обид за нејзино враќање.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Не, навистина“ , рекоа. „Нашите џебови се празни.“ „Верувам“ , им призна. „Вашите џебови се празни, а ни моите не пукаат од тежина.“ Наквечерината сееше од сито модар прав, сенките се ширеа и се впиваа една во друга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има ли некого кај вас?“ „Има“ , им призна. „Мојот ангел чувар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Важно е дека јас насетив оти Уртето ќе го викаат со намера, ако не им признае тоа што ќе го прашуваат, да го стават во самица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не постои, им призна на зелените очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прости ми поради ова, но јас навистина мислам така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу се зачудија кога им признав дека не сме се сретнале, но дека добро се познаваме и како често да сме заедно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Набргу беа отворени околу 87 македонски училишта со десет илјади ученици — на крајот од истата година и привремената влада на Грција на Македонците им призна право на целосна рамноправност и слободен национален развиток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но побратимот Јанко сè слушнал и сè разбрал, но не им признал дека знае турски и така гостинот Јанко му рекол на домаќинот: Побратиме, изморен сум, еве ќе си легнам тука на рогозината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но откако ги прошета и двата ката отворено им призна дека е пријатно изненаден од начинот на кој е изведена адаптацијата и тоа без стручна помош.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)