им (зам.) - придаде (гл.)

А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И се чувствува дека токму пошлоста и сивилото на овој лакејски смердјаковски мизансцен им придава на разговорите особен блесок, како небото пред ударот на молњата (..) Одненадеж, се се обојува со огнениот блесок на црвеното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- А за колкаво значење станува збор? - се вознемири таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Или не ми веруваш? Само ти пренесувам обичен лекарски наод!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Фуко вели дека epimelia heauton 9 John Onians: War, mathematics, and Art in Ancient Greece, History of the Human Sciences 2:11, 1990. 10 Michel Foucault: The Care of the Self. Volume 3: The History of Sxuality, 1984.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 63 опишува состојба во која „поединците се однесуваат на тој начин што на своите животи им придаваат извесна вредност и затоа е прашање како нечиј живот да се претвори во објект за некаков вид знаење, за techne - за уметност“.11
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во својата ретроспектива од 1954. година, Looking at Live with the Eyes of a child, Матис напишал дека уметникот „мора да го посматра животот на начинот на кој тоа го прават децата и ако ја загуби таа моќ нема да биде способен за автентична експресија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во прегледот на детската уметност од 1914. година, Гијом Аполинер (Guillaume Apolinaire) пишу­ваше за интересот на Матис за сопствените детски цртежи и истовремениот отпор да им придаде поголемо значење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во Америка, просторот им придава велелепност дури и на сивите предградија и таканаречените funky towns.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Навистина, да леташ по ридот е страшно како и порано, но сега веќе стравот и опасноста им придаваат особена умилност на зборовите за љубовта, на зборовите што уште се загатка и уште й ја мачат душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој од нас двајцата й изјавува љубов таа не знае, но се чини дека й е сеедно; сеедно е од што пиеш – само да се опиеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)