им (зам.) - подлегне (гл.)

Со последна надеж, сакаше да го замоли да го запре овој чин, да не им подлегнува на злите намери на неверниците!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)