им (зам.) - отстапи (гл.)

А бидејќи во автономна Македонија ќе нема место за пропагандите, тогаш Србите ќе треба да им отстапат место на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тркалезните монголски лица им отстапија место на лица од поевропски тип, извалкани, брадосани и испиени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што сакам да го кажам на крајот од текстот е - оние што немаат што да му забележат на театарот како природа затоа што не го читаат, поарно и да не се среќаваат со него, односно нека им отстапат место на оние за кои тој ќе биде опомена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И тие, пак зборуваше стариот: ако мртвите не им отстапат место на живите, кој ќе го стори тоа?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Така се раѓаа кај нас нови мигови на радост и надеж што според природата на нештата траеја кратко за да им отстапат место на нови грижи, сомнежи, внатрешни разјадувања, мрачни размислувања по кои доаѓаа нови искушенија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)