им (зам.) - отвора (гл.)

9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И го тргнувам лостот од вратата, им отворам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За Танаско и Пена и за нивните неколку деца никој како да не знаеше, а што е најчудно не само што не препознаа никого од оние што им отвораа врати, туку им се причини дека не се наоѓаат меѓу свое племе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)