им (зам.) - остави (гл.)

И затоа кога во зорите, нешто посетен од трети петли, Јанческите со запалени вивки и гламни истрчаа на срецело и нададоа лелеци дека ајдутин го одвел Бошета нивни. (Велеа на измама; божем само за да го изнесе на пат за Прилеп, а оттогаш од сред полноќ, и покрај што изминало толку многу време, Бошета го немало да се врати, а за јамка дека ќе го пушти да се врати им оставил едно чупале, петгодишно и сето завиткако во коприна и во кожуви, небаре е цариче, и еден коњ, ат, ист небаре е царски.), сите, трчајќи накај срецело, велеа Ама ајдутин, ни пците, ем што се пци, не го сетија, не пак човек кој е со помали дарбини од нив за тие работи, да го сети!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По пет шест месеци откако одвај се искуба од судот, отиде нарочно на пазар и на враќаше ги собра и си ги однесе дома, за да има што Да им остави на децата кога ќе ги остави за да му се придружи на Толета, оти агите веќе го зедоа на заб и го запашкаа да го гонат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На некои од најблиските букинисти им остави неколку негови книги за детето од првото издание, со надеж дека ќе ги најдат вистинските читатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нему не му требаа перестројка или екологија - тој секогаш чесно заработуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И макар понешто од тоа им остави на своите деца. За тоа му благодариме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Десетина печени кочани завиткани во лушпи им остави во бовча со нешто ореви и јаболчиња и ги испрати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа на Французите им остави толку длабок впечаток што патот кон Ливаше го продолжија зашеметени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ваквото внимание им оставило силен впечаток на нашите осуденици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Базаров, главниот херој на Тургењев, им оставил најсилен впечаток на сите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гарантирам дека родителите ништо не им оставиле, ниту добиле на Бинго, ниту пак Ѓоко у слободно време дила дрога на малолетници... Чесно го заработиле секој долар.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во текот на тој раговор Лит и Беренц по извесно време се фатија како со пиетет да разговараат за хиерархот од Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој им остави во аманет на своите да не се бега од земјата без судбинска причина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Мојот бакшиш од Ѓурѓовден на Ѓурѓовден - ми го пропушта Кадрија спремниот одговор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Така и треба! Инаку, ако ги здогледаше, ќе мораше да им оставаш и бакшиш - му велам јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Младиот државен секретар, со својата смиреност, повлеченост, но и со репутацијата на школуван кадар на високите европски и американски универзитети, особено во доменот на безбедноста, на многумина дипломати ќе им остави посебен впечаток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот сопруг, макар што имаше браќа и сестри дамна заминати во Турција и со веќе бележити места во животот и владеењето во новата земја, тврдокорно беше решен да остане во куќата крај Езерото и да им остави во аманет на своите синови никогаш да не заминат од родниот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На потомците им остави лози натежнати од мака, а и мртов смогна да им даде ишарет - колку многу ветер и магла имало на Клиничките патеки на власта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Снегот што падна, падна необичен, чуден, црн; трчаа децата да му се радуваат, но кога ќе го пофатеа, кога ќе им оставеше црни траги по рацете, се сневеселуваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)