им (зам.) - олесни (гл.)

Кога, конечно, го напуштија проектот, на сите некако им олесна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Затоа на сите им олесна, сите ја одобруваа неговата постапка, тоа го сметаа за најдобро решение, кога Мусли бег отиде и им понуди, ако сакаат, да работат на неговиот чифлиг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Коста Чавошки: Увод у право I – Основни појмови и државни облици; Београд, 1994; стр. 29-33. 306 Овој, како и мноштво други фактори ги демотивираат и одвраќаат работниците од ефикасно искористување на било каков правен лек и перфидно ги принудуваат да ја трпат неправдата која секојдневно им се нанесува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се чини дека нашите „префинети“ правници се нечувствителни за социјалните димензии на овој специфичен тип работен договор и, повеќе од сигурно е дека, не прават никакви посебни напори да им олеснат на очајните работници кои се напикани в ќош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи, таа само им олеснува на некои личности да се ослободат од инхибициите и да го изнесат на површина она што веќе го носат во себе во некоја специфична естетска форма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога конечно го напуштија проектот, на сите некако им олесна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им олесна на касапите зашто знаеја, ако кренат рака на вакво живинче, Ангелот пак ќе им ги фатеше рацете, како што му ја фати раката на Аврама кога сакаше да го принесе сина си на жртвеник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ПАНДЕ: Ништо. (На сите им олеснува и се смируваат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На сите им се разведри лицето. Им олесна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се ослободија. Им олесна. Ништо не прашаа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога и тоа помина, на сите им олесни...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Што знаеш, можеби ќе им олесни.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колоната тргна. На сите им олесна. Беа изморени од чекање.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јасно, на сите им олесна. Со Фигаро лесно ќе се расправат, нека е само тој!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Аето почека до вечерта, па преспа кај Влаинката со надеж дека тоа копиле ќе му падне в раце, но најпосле, помирен со судбината, Аето влезе во својот сега душмански распаран автомобил и многу лут и нерасположен си замина од Брезница, од што на брезничани им олесни и ги натера посериозно да се потсетат на својот мал соселанец Илета Вегов.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)