им (зам.) - напише (гл.)

Веднаш им напишав писмо на моите за тоа како поминав по пат, за моите први импресии од Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зошто би се плашел да им напише за тоа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, утредента, кога се обиде да им напише писмо на мајка си и на сестрите, мораше повеќепати да го почнува писмото одново.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ним подоцна ќе им напишам писмо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе им напишам дека Госпоѓа Беранж е мртва на оние кои ме познаваа, кои ја познаваа. Каде ли се тие?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во следните белешки се открива дека сум им напишал писмо на моите во Гаково, дека сум се отпишал од учителска школа и сум се запишал во гимназијата Цветан Димов и дека сум кај Нанчо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неколку месеци пред тоа новите градски власти, како една од многуте промени во Виена, наредиле починатите во специјализираните клиники да не се закопуваат на градските гробишта, туку во парковите на болниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моите сестри беа кај една наша сосетка; на лист харија им напишав порака каде сум отишла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури ни кажаа и кога ќе тргнеме и кога ќе бидеме во Скопје.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас седнав да им напишам писмо на моите да ме чекаат во Скопје, да се видиме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)