им (зам.) - наздрави (гл.)

Им тури ракија во земјините чашки и им наздрави. И тие му наздравија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога се премина на вино и кога полковниците му одвраќаа на здравицата на кметот, кој при секоја новонаполнета чаша, им наздравуваше, учителот крена чаша, им наздрави и почна: - Селово наше, Езерец, има 180 куќи со 850 жители; формирано е по доаѓањето на Словените во шестиот век, најпрвин како рибарска населба; во деветтиот век е под власт на Бугарија; во десеттиот век влегува во царството на македонскиот цар Самоил; по неговото пропаѓање, во единаесеттиот век потпаѓа под независното Латинско царство што го формираат Крстоносците на одење кон Ерусалим за да го ослободат Божјиот гроб; потоа со ширењето на Второто бугарско царство, пак потпаѓа под него; потоа е во состав на Српската држава; со доаѓањето на Турците, останува пет века под Отоманското царство; по Балканските војни, пак е во состав на Српската држава; од 1915 година пак е под Бугарија; а сега, по пробивањето на Солунскиот фронт, во состав на кралството СХС.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Откако ги изрече овие зборови, Климент Камилски стана, им наздрави на Луција и Сотир и заедно со нив на искап ја испи последната чаша шампањско.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седат заедно во мала, зачадена крчма, а тој, убиениот хирург, им наздравува на сите ножови на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тој ја крена чашата и им наздрави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Им налеал на музичарите. Им наздравил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)