им (зам.) - исплати (гл.)

Реалноста е уште посурова ако се има предвид дека голем број граѓани се дел од „сивата економија“, која 33 г) исто така, за прв пат, изречно се предвиде дека работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеци последователно, имаат право да покренат иницијатива, пред надлежен суд, за престанок на работодавачот (пр. стечај) – чл. 67, ЗРО/05; д) не се даде доволен аргумент зошто е избришана одредбата која предвидуваше дека на работникот му припаѓа зголемена плата за работа во деновите на празници во кои не се работи, за ноќна работа и за работа подолга од 40 часа во работната недела, во висина утврдена со колективен договор (чл. 82, ЗРО/03 – Пречистен текст); ѓ) според ЗРО (1993) работниците имаа право на надоместок на плата за време на прекин на работа до кој дошол без нивна вина – на пример, при недостаток на енергија, суровини, репроматеријали или отстранување дефекти – но, висината на надоместокот не беше утврдена (чл. 73, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Додека трае забраната, работодавачот е должен на своите вработени да им исплаќа најмалку 70% од платата на работниците во претходниот месец, како и придонеси од плата и не смее да го намали бројот на вработени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Единствено дополнување кое овде е важно од аспект на работничките права е тоа во измената од 2013 година каде се менува ст. 5 од чл. 9 на ЗАПВ и како еден од условите за престанување на важењето на лиценцата на агенцијата и нејзиното бришење од регистарот на агенции за привремени вработувања се наведува дека „ако на работниците со кои агенцијата за привремени вработувања склучила договори за вработување не им исплатила плата и уплатила придонеси од плата над три месеци, а за тоа не го известила инспекторот на трудот или платата не ја исплатува, согласно со закон, колективен договор, договорот за отстапување на работник и договорот за вработување.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На дваесетти август им исплатив на луѓето една третина од сработеното. Да имаат в џеб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Укинато беше огра- ничувањето од три години за кое Фондот беше обврзан да обезбеду- ва средства за исплата на овие надоместоци (чл. 9, ЗИДЗПИО/97), а покрај тоа беше пропишано и дека на оние лица на кои Фондот пре- станал да им исплатува средства по овие основи, поради истекот на рокот од три години во нивните случаи, им се обезбедува користење на ова право од денот на влегувањето во сила на измената и допол- нувањето од 1997 година (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овозможено беше работниците да покренат иницијатива за престанок на работодавачот ако тој не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, овозможено беше работните спорови да се решаваат по мирен пат и беа воведени законски инструктивни рокови за забрзување на судските постапки по работни спорови, а беше пропишано и максималното траење на судската постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)