им (зам.) - зададе (гл.)

Чанга им зададе невидени маки на партиските кадри задолжени за тајното козјо досие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден ден таа им зададе на учениците домашна задача по мајчин јазик под наслов: “Мојот татко“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Татко уште во младоста, кога го совлада францускиот јазик, дојде до книгата на Фаик Коница, пишувана под псевдонимот Пирус Бардхули (Pyrrhus Bardhyli), Essai pour les langues naturelles et les langues artificieles, (Брисел, 1903), со која сакаше да им зададе конечен удар на есперантистите и на другите приврзаници на вештачките јазици во големата меѓународна полемика, поддржан од Реми де Гурмон и Гијом Аполинер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Друг пат учителката им зададе задача на тема: „Мојата мајка“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Подоцна за да им зададе „конечен удар“ на загрижените есперантисти, тој ќе ја напише книгата Есеј за природните и вештачките јазици (објавена во 1903 г. во Брисел).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште на истиот час, кога даскалот Бино им зададе на I и II одделение и отиде на третата редица кај III одделение, Нешка, пишувајќи ја задачата од читанката, со навалена глава на левата рака, ги сврте очите налево.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа е она што помалку или повеќе ми се случи мене. ◊ Фантазиите тоа е она што им задава проблеми на луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тие мисли беа слаби да им зададат некаков страв на властодршците од големата и силна Отоманска Империја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)