им (зам.) - докаже (гл.)

Просветниот кадар, за да им докаже на сесловенските просветители (кои биле од македонска народност, како што пред некој ден нѐ информира една телевизија) колку ги цени, организираше журка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И му веле Насрадин-оџа на децата: - Ај, сеа да ми снесите по едно јајце сите, и да викате: „Кат - ка - дар, кат - ка - дар!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
24. Комитетот не може да им докаже ни на надворешниот свет, ни на самите Македонци неегзархисти оти тој не е бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама, саках да ви кажам оти вашите жени ме држаа цела вечер на ќерамидите, а јас саках да им докажам, да видат оти од далеко чоек не може да се грее, а од далеко и месо не може да се вари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му дошле гости пријатели. Служел...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)