им (зам.) - вика (гл.)

Се помни, не дека не се помни, дека на градскиот плоштад на времето имало скулптури од чисто злато на сите билки и животни од крајот и дека тие тешки таман колку што може да тежи златото еден убав сончев ден колективно отпловиле преку којзнае колку мориња да го пренесат сјајот на конквистадорите на кои кога ќе се врателе дома мајките им викале: златни на мајка!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Онисифор Проказник им викаше да молкнат. Од ридот паѓаше споулавена смеа додека болниот квичеше со глас на премрзнат пес и го повторуваше името на Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе има кој да нѐ закопа. Утре и нашите коски ќе дават намерници и улави денгуби какви што сме ние во ова стојбиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека некој од последните им викал на првите да побрзаат и да го повлечат редот со еден здив, оската на четвртата запрега пукнала насреде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа го виделе челникот исправен над неподвижен труп и со крвава сабја в рака. Им викал нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им се сторило дека и земјата под нив се подмладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На десетина чекори зад нив коњот со високо крената глава и со изострени уши ги слушал криците, пустите или молбите на својот господар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бандо им викаше: „Првиот, првиот сакам да го видам што ќе гибне!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Фаќајте што повеќе риба. Што е ова?” им викаше власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Слепиот Тимон им викаше на луѓето: „Работата гледајте си ја, луѓе: не одете по умот нивни, зашто ќе ви го однесат; и персискиот цар не видел аир од нив: за да им го олесни тешкиот живот на луѓето, побарал од царот на Индија да му испрати даровити музиканти што ќе го веселат народот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ги гледаше Висар на широкиот пат крај езерото испоседнати Ѓупците со разни бакарни садови што ги поправаа, калаисуваа и продаваа, ги гледаше како одат по куќите и бараат нешто за јадење, тропаат по вратите, а луѓето им викаа: „Сиктер, никогаш вас човек не може да ве нахрани; и кога Ѓуптинот го поставиле за цар, тој прашал: А што ќе правам за леб...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Томор седнува скрснозе и им вика: „Седите, бре, седите, што се плашите...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По Ѓурѓовден, ајле по сведенот беше, ја копам градината, а на децата им викам да ги собираат камчињата, тревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде, мори, повјасајте, ќе им викам, ајде да ја претераме нивава, дури не се опрлила сосема пченкава, дури не се омацурила, ќе им викам и ќе си копам напред, одам пред сите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Паразити - им викаше уште. И 'иени - ги викаше и 'иени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога војниците ја опколиле куќата, им викале да се предадат. Тие не одговарале.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И кога на девојки сум им викал дека ги сакам, тие ништо не слушнале и завршиле во туѓи прегратки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Што е ова, свадба ли е... - им викаше бесно на офицерите кои заедно со војниците пукаа поделувајќи ја радоста; разбеснет, командантот, ги казнуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си им викал дека се најдобри за тебе.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Јавете се бре погани, им викав, а тие молчеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ветеринарите трчале со инјекциите по децата и им викале: - Ѓаволи, вас треба да ве вакцинираме против беснило!
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
С новим годом, хроња пола, си викаме меѓу себе, им викаме и на стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Адио, шок, им викам на Албанците од соседната ќелија, адио!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пире, пире, им викаат Паун Радевски и Филип Хаџиевски, седнати во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затворете ја, им вика на стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму мајките на децата не им викаат како нашите мајки: Внимавај да не те згазне автомобил, туку внимавај да не те проголта крокодил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа ги имаше научено кога си доаѓаа на сите да им даде по некое залче леб и да ги погали и, сѐ уште, како да ја слушам како им вика: Ајдете, убави на баба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)