им (зам.) - блеска (гл.)

Секое дете држеше по еден голем змеј од хартија, а лицата им блескаа во очекување и животна радост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Златните коси им блескаат, зрел сноп се на сончева светлина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)