еден (зам.) - огромен (прид.)

Целата шума како да беше еден огромен кристал во сончев ден и зрачеше со некоја неземна незаборавна ведрина и мекота со сите свои бели гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Комитетот можеше да работи и од името и во полза на еден огромен дел од Македонците, т.е. од најсилната народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Набргу гонителите се нашле пред еден огромен казан поврзан со цевки со излези на ридот. Тоа беа млечните потоци, сега секнати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)