еден (зам.) - живот (имн.)

Ќе се стаи и она што со цедело по грешка низ пукнатината во којашто еден живот се должи на друг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот“. Долго се мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Миг, неуловливо делче од време, од еден живот една смрт, миг повеќе почувствуван отколку забележан.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Залегнатата клица, заразата на еден живот на судири и амбиции од кој бегав и навистина сакав да избегам, се опираше во мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
— Тегни де, што си се затресол? — го прекори Шаќир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)