го (зам.) - нека (чест.)

14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Сигурно Суљо ги води разбојниците или ги носи нивните глави – па некако сомнително додаде: – Колку толку бргу сврши работа? – а кон гавазот: – Пушти го нека влезе – изусти и почна да си ја прибира косата под чалма и се поисправи на столот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Сабаларолсун, Шаќирефенди! — го поздрави Алекса Крстета по турски и му го покажа Ѓуровчето со глава: — Те бара побратимов Ѓуро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
20. Оставете го нека спие долго во часов час не е ниту век пред вечноста на ова постоење ново Од ридот тој над водите им збори за зората на страдните и морни под месецот што сонат дален сон
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Пушти го нека поспие, сигурно е уморен од патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пушти го нека си зборува, гледај си го ти олтарот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Белким не — ја утеши Бајракот и седна на миндерлакот во „убавата" Јорданова одаја, па и се обрна на старата: — Викни го нека излезе побратимот, го бара еден од неговите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)