го (зам.) - целосно (прил.)

А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако овде бидат испратени оружје и муниција во доволен број Илиќ251 повторувам Илиќ смета дека е можно повторно да се освои и да се задржи прилепскиот аеродром, како и да се продолжи со нападите на вооружените групи“.252 Истиот ден од истата мисија била испратена и пораката во која се истакнувало дека “бугарската пешадија е бескорисна и се повлече минатата вечер оставајќи го целосно отворен патот јужно од Прилеп.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Да не мислел Игор Лозински на овие далјани, дека еден ден ќе го запрат патот на јагулите, доколку вистински се усовршеле и целосно ја преграделе реката, попречувајќи го целосно патот на јагулите?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Препиши го целосно и поднеси го на претходна контрола кај повисоките власти пред да го испратиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)