го (зам.) - дома (прил.)

Знаеше дека луѓето го носат кон селото, одземајќи го од дивината и враќајќи го дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ете го дома, лежи како маче во пепелта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Два дена на нозе, три, и ете ти го дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не се заборава тоа. (На Соња.) Овој мрсниов носи си го дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одминуваа крај тоа, носејќи го дома само голиот живот и, ако беше возможно, гледаа да ја сочуваат само уште својата пушка, воено време, не знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Докторката ни рече дека не можеш повеќе да примаш хемотерапија „Носете си го дома“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)