го (зам.) - веднаш (прил.)

– Еве го надвор, чека на одговор. – Доведи го веднаш кај мене – заповеда султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од нив беа помали за две глави.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ЕВТО: Носи го веднаш одовде!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Заедно со него го прокрстари и овој реон — мало Мариово, ги најде по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа, Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не се појави таа ноќ никој, та утредента Арслан го испрати селскиот протуѓер Шиклата да го бара Сефедина, на кого му ја соопшти положбата, молејќи го веднаш да се врати со аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажи го веднаш бројот колкумина се насладувале со твоето тело?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЕВТО: Носете го веднаш. Никој не смее да го види. Никој не смее да доаѓа по него. Веднаш!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ви пееме тивко мелодија медна: за грст дијамнти земете го веднаш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)