го (зам.) - студен (прид.)

Сети се на топлите денови. Спарни тешки денови кога ги милуваме телата со малку зборови на испотените усни . . . или, се сеќаваш ли како ја креваше главата кон Северот, чекајќи го студениот бран.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но, кога пред една недела дојде овде, мислеше дека дошол токму поради тоа свое грозење од насилство.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека стоеше овде во мракот, стегајќи го студениот метал на пушката во изѕемнетите прсти, да го прашаше некој зошто сега е тука, не ќе знаеше да одговори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)