го (зам.) - мој (прид.)

- Остај го мојот кабает, - ми вели тој мене. – Јас на време се тргнав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потоа, занемарувајќи го мојот бес, продолжи: „Оттука понатаму, целата таа работа може да се реконструира, но не врз многу сигурни извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прегрни го мојот презир кон светот кој само ја зголемува љубовта кон тебе.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Таа среда попладне се собравме во полн состав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дејко се запиша во новинарска секција, без многу желба, колку да не му е здодевно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ајде, заборавете го мојот лош предлог.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прифати го мојот предлог.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Преноќете тука, кршете го мојот леб И пијте го моето вино, рече жена, нешто кога ја прашавме.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
"Знаев", рече вујко ми Герман, невоздржано прекинувајќи го моето раскажување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Убивајќи го мојот сон, како да сакаа конечно да го совладаат и Бога во мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Подавајќи му го мојот дипломатски пасош, му го изнесов случајот и на крај му реков: - При влезот во Грција има голема табла со натпис: “ΕΛΛΑΣ “ и “GREECE”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Резултати?“ Се сврте кон мене, со очите барајќи го мојот поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Немој да ми кажеш дека си заборавил.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да. Занесен, интензивен, страсен, полн со љубов - заборавив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Појаснува, гледајќи го моето збунето, страдалничко лице: - Се потсетив на еден кроки од Макс Жакоб.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас читам весници со ножици во рака, сечејќи го мојот избор од високоучениот свет со ова примитивно интерактивно орудие.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Помни го мојот збор кога гориш во љубовен плам: еднаш само, мажу, тече млеко од женските гради.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„А вие изедете го моево добиче и запалете го копитото, грејте се и раскажувајте за царски синови.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не сакам туѓо“ со горчливост рече Осип Сечковски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Признај го моето, зашто друг излез и решение нема“ - говореа нивните погледи. А тоа и двајцата не го признаваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Револвери, викнав. Не стрелајте го мојот ден, в грбник, оставете го.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Спевал Васил Богоевски, с. Долно Дупени, Преспанско Славеј пиле, ја запри се, ја почекај, немој пеј, не буди го мојот другар, нека мирно почива.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Момент! - докторот се загледа во еден под листовите кои беа на масата - Примете го моето сочувство господине Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонувај го мојот сон!
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Револвери, викнав. Не стрелајте го мојот ден, в грбник, оставете го.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еве ѝ донесов јаболчиња, и, освен тоа, пренесете ѝ го моето извинување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прочитајте го мојот манифест и ќе знаете зошто го направив тоа”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
РЕВШИН: И еве ви го мојот план: кон десет часот да тргнеме јас и вие, Алексеј Максимович, и да отидеме во канцеларијата на Вишњевски: штом тој тогаш ја водеше вашата работа, и треба нему, пред сѐ нему да му се обратите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
7.6 Стоев така збунет И ми се јави Мајка И ми рече: Крени ја раката, Допри го моето чело!
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
„Види го мојот господин“, му велам јас, „втасавме до таму, тој да го брани Господа од мене“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но име што не постои. Позволјају.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но ако веќе бидеш принуден нешто да кажеш, спомни го моето, или измисли некое трето, му рекол.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не можеш да ме оставиш, земи ме, спаси ме, изговори го моето име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Допри го моево тело и скриј ја булкава црна јагленосана в гради, за да не се срамам, гол пред тебе, за првпат.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
- Поправете ја телефонската линија, а ти земи го мојот коњ - нареди Кикицас - и трчај наврат-наноц и пренеси му на командантот на 103 бригада веднаш да испрати еден баталјон на помош, да и го пресече патот на колоната камиони и да ја уништи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш се крена страшна паника. Родилката викна: „Дајте ми го моето дете!“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Речиси неверојатно - ивика Кети, прекинувајќи го моето раскажување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)