го (зам.) - меѓу (предл.)

Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сакаш Грк лекар, правник, адвокат, професор, историчар, востаник, бранител, дипломат, барај го меѓу Власите. Немој да го бараш меѓу Грците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А виновникот за оваа лоша информација што ја добивме, барај го меѓу твоите селани. Оди...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)